Булеварот Гологанов готов за шест месеци

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска го означија стартот на реконструкцијата на последната фаза од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, која што е една од најзначајните делници во градот.

Градскиот татко истакна дека за овој проект од скопскиот буџет се одвоени 81 милион денари.

„Со проширувањето, оваа тесна сообраќајница ќе добие четири коловозни ленти. Коловозот ќе биде асфалтиран со завршен слој асфалт- Сплит Мастикс од еруптивно потекло и полимер, на вкупна површина од 19.500 квадратни метри“, рече Трајановски.

Тој посочи дека реконструкцијата на третиот дел од булеварот е уште еден капитален проект на Градот Скопје со кој што ќе се овозможи побезбедно одвивање на сообраќојт и намалување на метежот.

Премиерот Груевски истакна дека со низата проекти на Градот, поддржани од Владата, Скопје станува европски град.

Grujo

„Скопје станува град што може да одговори на потребите на своите граѓани. Како од еден од најбрзорастечките градови во регионот, Скопје забрзано се претвора во град со динамична демографија и континуирана урбана експанзија“, истакна премиерот Груевски.

Премиерот истакна дека во изминативе неколку години Скопје ја доживеа една од најголемите трансформации во неговото постоење.

„Пред само една деценија овој град беше еден монолитен и полуурбанизиран пример за незаинтересираноста на локалната власт и несоодветното трошење на јавнитре средства. Но, денеска Скопје прераснува во вистински глобален град, посетен не само од сите страни на Европа, туку и од други континенти“, потенцираше претседателот на Владата, додавајќи дека Градот Скопје секогаш ќе ја има нивната поддршка.

Премиерот посочи дека бројот на жители и посетители на Скопје, постојано се зголемува, а тоа значи повеќе возила, повеќе урбани објекти, повеќе населби и поголема потреба од координација на градското функционирање.  Како резултат на тоа, нагласи премиерот, Скопје доби, проширени делници, катни гаражи, зелени простори, современи паркинзи, мостови и булевари

Груевски посочи дека со денешната последна фаза од реконструкцијата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кој заедно со булеварите Илинден и Партизанска, се главните артерии на градот, Скопје доби проширени и модерни делници, а со тоа помал застој во сообраќајот, помалку нервози кај возачите и поголема безбедност.

Заклучно со последната реконструкција, Градот Скопје инвестирапше 240 милиони денари за проширување и урбано уредување на булеварот во полза на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.