Уште четворица специјалист ќе даваат совети на Ало докторе!

Од денеска уште четворица специјалисти ќе даваат медицински совети на телефонската линија 15123 Ало докторе, соопштуваат од Здравствениот завод Скопје.

Тријца од од нив се интернисти, како и еден оториноларинголог. Со новите тројца специјалисти, вкупно 17 доктори кои им се достапни на граѓаните 24 часа на располагање.

Ви изминативе два дена на телефонската линија се јавиле 232 лица, само на две од нив им било посочено да ја побараат итната медицинска служба.

Најголем број на јавувања биле за совети за кардиоваскуларна и респираторна етиологија.

Денеска дежурен доктор на линијата 15123 е д-р Небојша Пешиќ, директор на Клиниката за дерматовенерологија, а додека пак утре, дежурен ќе биде директорот на клиниката за трауматологија, доц. д-р Славчо Стојменски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.