Уште десет лица уапсени во Турција

Турската полиција утринава во Истанбул уапси уште најмалку десет лица во рамки на акцијата против осомничени припадници на ултралевичарски групи.

Вo рацијата во Окмејданија уапсени се најмалку десет лица, откако полицијата ги испратила своите припадници во оклопни возила во тој азиски дел на Истанбул.

Рациите во Истанбул и Анталија вчера и изутрината почнаа два дена откако беше киднапиран обвинител од својата истанбулска канцеларија, кој подоцна почина од повредите, што ги доби во една од најтешките заложнички кризи во Турција. За нападот беа обвинети припадници на ултра-левичарската групација Револуцинерната народна ослободителна партија – фронт.

Двајца екстремисти вчера се обидоа да извршат упад во седиштето на полицијата во Истанбул и откако полицијата отвори оган, убиена е жена напаѓач, која била вооружена со бомби и пиштол, а уапсен е и нејзиниот ранет соучесник.

Турските медиуми јавија дека убиената Елиф Султан Калсен (28) е познат припадник на Револуцинерната народна ослободителна партија – фронт. Оваа организација е обвинета за серија напади во Турција изминатите неколку месеци.