Уште двајца судии се спогодија во „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција”, судии кои активно ја вршеле функцијата.

-Обвинетите судии, со јавниот обвинител склучиле Спогодба за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата. На едниот му е определена казна затвор во времетраење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од три години осуденото лице не стори ново кривично дело. На вториот му е определена казна затвор во времетраење од девет месеци, која нема да се изврши доколку во рок од две години осуденото лице не стори ново кривично дело, се вели во соопштението од јавното обвинителство.

Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече соодветни Пресуди.