Уште еден Албанец од Скопје загина во Сирија

Во борбите во Сирија и Ирак животот го загуби уште еден Албанец од Скопје.

Како што пренесуваат албанските медиуми во земјата, станува збор за 35-годишен скопјанец кој беше дел од групата борци од Македонија кои што заминале да војуваат во Сирија и Ирак.

Се дознава дека сега веќе загинатиот учествувал во војната во Косово и Маакедонија во 2001 година.