Балкан

Уште еден Албанец загина во Сирија

Уште еден Албанец загина во Сирија

Албанскиот државјанин Денис Јангули е последната потврдена жртва на боиштата во Сирија, кој се борел на страната на терористичката организација Ал-нусра и ИД, пренесува МИА.

Веста за загинувањето на Јангули, кој по професија бил фармацевт,  неговите најблиски ја добиле преку телефон: Денис загина во Сирија. Не правете ништо за него, тој тоа не го сакаше, им било кажано од лице кое не се претставило.

Неговото семејство, кое подолг период немало контакт со него, не верува дека е убиен, па одлучило да почне законска процедура тој да биде  прогласен за исчезнато лице.

Според албанската тајна служба, Јангули (29) по потекло од Пешкопеа а живеел во Тирана, е еден од албанските државјани кои го загубиле животот на боиштата во Сирија и како и другите, погребан е на сириско тло.

Пред три дена беше потврдена смртта на Косовецот Бурим Демоли од Коловица кај Приштина, кој исто така се борел на страната на ИД.