Уште еден босански државјанин загина на военото поле во Сирија

Уште еден државјанин на Босна и Херцеговина загина во војната во Сирија, а станува збор за поранешен припадник на одредот Ел-Муџахед, Ферид Татаревиќ од Зеница, пишуваат босанските медиуми.

Според претходните информации, 52 лица од Босна и Херцеговина се борат во сириската војна на страната на опозицијата и меѓу нив има загинати и ранети.

Тие во Сирија наводно пристигнуваат преку турскиот град Антакија, каде се собираат доброволци против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Иако не постои прецизна евиденција за бројот на странски доброволци поради повеќе различни идентитети кои што ги користат, се евидентирани околу 400 лица кои преку различни канали комуницираат со локалните власти, барајќи заверка на документи и слични услуги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.