Уште еден доказ за некоординираноста на СДСМ во Центар

Советниците на СДСМ во општина Центар денес побараа да не се гласа за две значајни точки од дневниот ред.Имено тие не дозволија да бидат распределени средствата од буџетот на општината предвидени за здруженија и фондации.

Ова одлука претходно беше донесена на Комисијата за финансирање и буџет каде мнозинството го има токму советничката група на СДСМ.

Токму за оваа точка сите советници од споменатата советничка група веќе гласаа и се изјаснија позитивно. Со ова уште една се потврди некоординираноста во самата коалицијапредводена од СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.