Уште еден европски гигант се извлече покрај Лудогорец

Шампионот на Бугарија одигра неверојатен натпревар против Реал Мадрид и заслужи барем еден поен против големиот ривал.

Сепак, малку поради среќата, малку поради судијата Крег Томсон работите не се одвиваа најдобро.

Домашните рано дојдоа до предност и успеаја да стигнат до водство, но потоа Реал доби два удари од пенал. Првиот Роналдо не го искористи односно голманот Стојанов успеа одлично да интервенира. Вториот пенал воопшто и не постоеше, а Крег Томсон даде свој придонес за израмнувањето на „кралевите“. Потоа Реал се обидуваше да дојде до водство, но работите не одеа најдобро сè до 77 минута кога Бензема успеа да се снајде меѓу двајца противнички фудбалери. Тој успеа да реагира вистински по нафрлената топка од Марсело, а на тој начин дојде и до предност за гостите. Веднаш после ова Лудогорец имаше нова шанса, но овој пат шкотските судии покажаа офсајд.

Така, Реал Мадрид, нешто слично како Ливерпул во првото коло успеа да се провлече покрај Лудогорец, но јасно е дека до крајот на групната фаза, доколку продолжи со овој стил на игра, бугарскиот шампион ќе биде “тврд орев” за сите и дефинитивно ќе ги замрси сметките на некои од “големите”.

Лига на шампиони, 2.коло (среда)

Група А:

Атлетико Мадрид – Јувентус 1:0

/Туран 75/

Малме – Олимпијакос 2:0

/Розенберг 42, 82/

Табела: Јувентус 3, Атлетико Мадрид 3, Малме 3, Олимпијакос 3

Група Б:

Базел – Ливерпул 1:0

/Штрелер 52/

Лудогорец – Реал Мадрид 1:2

/Марселињо 6 – Роналдо 25, Бензема 77/

Табела: Реал Мадрид 6, Ливерпул 3, Базел 3, Лудогорец 0

Група Ц:

Зенит – Монако 0:0

Баер Леверкузен – Бенфика 3:1

/Кислинг 25, Сон Хјонг-Мин 34, Кахјанолу 64 – Салвио 62/

Табела: Зенит 4, Монако 4, Баер 4, Бенфика 0

Група Д:

Арсенал – Галатасарај 4:1

/Велбек 22, 30, 52, Санчез 41 – Јилмаз 63 (п)/

Андерлехт – Борусија Дортмунд 0:3

/Имобиле 3, Рамос 69, 79/

Табела: Борусија 6, Арсенал 3, Галатасарај 1, Андерлехт 1