Фото: Уште еден хотел ќе никне на плоштадот „Македонија“

На градскиот плоштад ќе се гради уште еден хотел на местото каде што првично требаше да се гради црквата Св. Елена и Константин пред ТЦ Лумикс. Градот денеска го ослободи инвеститорот „Амадеус девелопмент ДООЕЛ“ од 50 отсто од надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на „Две комерцијални и деловни намени со хотел според ДУП – Мал ринг“.

Според претходните најави објектот ќе биде висок 16 метри или приземје и три ката. Албанскиот инвеститор „Амадеус девелопмент ДООЕЛ“ го купи земјиштето во октомври, 2013 година, за околу 1,6 милиони евра.

Изградбата на овој дел од плоштадот предвидена со најновите измени на ДУП-от Мал ринг, преизвика лавина реакции во стручната јавност, особено поради евентуалното нарушување на визурата од Портата Македонија кој фонтаната „Воин на коњ“.

Иако имаше неколку неуспешни обиди за изградба на објекти со различни намени сепак, инвеститорот доби зелено светло, па наместо фамозните Шпански скали, плоштадот ќе се зголеми со уште еден хотел во неокласичен стил.

02B9DEE9FD53C848B260BEC2B94D7250

PSE-99-03-06

slikadva

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.