Уште еден Косовец загина во Сирија

Уште еден Албанец од Балканот е убиен на боиштата во Сирија. Станува збор за Косовецот Бурим Демоли од Коловица кај Приштина, кој бил припадник на џихадистите на Исламска држава.

Веста за косовските медиуми ја потврдил негов братучед, кој додал дека по веста за неговото загинување почнале да примаат луѓе за сочувство. Демоли во Сирија заминал со сопругата и четирите деца, за чија судбина, како што изјавил неговиот братучед, не знаат ништо. Но, вели, се надеваат дека се добро и оти набрзо ќе ги пуштат да си дојдат дома..

Претходна последна потврдена вест за загинување на Албанец од Балканот беше за Шкелзен Думани (39) во средината на овој месец. Тој таму беше со неговите две малолетни деца, кои ги земал без согласност од сопругата. Уште пред да загине оставил аманет и на братот и на другарите доколку загине децата да не се враќаат во Албанија зашто „таму немало луѓе“.

Неофицијално, до сега во Сирија и Ирак убиени се шеесеттина Албанци од Балканот, најмногу од Косово од каде и има најголем број џихадисти-Албанци, потоа 15 од Албанија, 11 од Македонија, и еден од Бујановац.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.