Уште еден Косовец загина во војната во Сирија!

Уште еден косовски Албанец загина во војната во Сирија!

Станува збор за Егзон Авдули, кој потекнува од Пеќ, а неколку години живел во Норвешка, од каде и заминал во Сирија да војува како џихадист.

Во борбите во Сирија неофицијално се борат најмалку 300 Косовци,  а животите ги загубиле десетина.

Поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава ги повика сите млади Косовци кои војуваат во Сирија и Ирак да се вратат во Косово. Тој вети дека ИВЗ и косовските инситуции ќе им овозможат реинтеграција во општеството.

Според него во Сирија и во Ирак не се води света војна а овие млади се измамени од  одредени групи и поединци кои не му посакуваат добро на Косово.