Уште еден Македонец со албанско потекло загина во Сирија

Уште еден млад живот згасна на боиштата во Сирија. Кемер Мумин, дознава Канал 5, е 26 годишен Македонец од албанско потекло кој го загуби животот на страната на џихадистите во Сирија.

Од МВР ја потврдија дека располагаат со таква оперативна информација, но официјално ќе се произнесат по контактите со останатите служби.
Според сознанијата Мумин заминал од Македонија во декември минатата година преку граничниот премин богородица со автобуски превоз.

Џихадистот Кемер Мумин по потекло е од село Морани, а живеел во Скопје. Роден е во 1989 година.