Уште еден полицаец белец во САД нема да биде обвинет за убиство

Американското обвинителство соопшти дека уште еден полицаец белец нема да биде обвинет за убиство на Афроамериканец.

Поранешниот полицаец во Милвоки, Кристофер Манеј отворил оган кон Донтар Хамилтон во април минатата година при што го убил, а според одлуката на обвинителството полицаецот поставил правилно.

Манеј е третиот белец полицаец, кој избегна покренување на обвинение во изминатиот период, по случаите во Фергусон и Њујорк, кои доведоа до бран протести ширум САД.

Семејството на Хамилтон по осум месеци чекање на одлуката изрази разочарување и гнев.

Адвокатот на семејството на прес-конференција изјави дека е побарана федерална истрага и ги повика демонстрантите да бидат мирољубиви.

Манеј го уби Хамилтон (31), кој боледувал од шизофренија, откако дошло до пресметка за време на обидот на Манеј да го претресе Хамилтон во парк во центарот на Милвоки. Хамилтон успеал да му го земе пендракот на Манеј и почнал да го удира во пределот на вратот, а потоа полицаецот кон него испукал 14 куршуми.

Манеј е суспендиран во октомври, бидејќи иако според обвинителството правилно поставил и го идентификувал Хамилтон како ментално болен, ја игнорирал полициската политика и постапил кон него како кон криминалец, претресувајќи го