Уште еден полицаец загина во Куманово

Уште еден припадник на безбедносните сили загина во вчерашната престрелка во Куманово, објави „24 Вести’.
Шестиот полицаец им подлегнал на повредите на скопските клиники. Акцјата на полицијата во Дива Населба во Куманово е се уште во тек.

Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово и Ненад Серафимовски (28) од Зубовце,  Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски се шестмината бранители кои го дадоа својот живот за Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.