Балкан

Уште еден политичар се повлече поради корупцискиот скандал во Турција

Уште еден политичар се повлече поради корупцискиот скандал во Турција

Уште еден политичар од владејачката „Партија на правдата и развојот“ објави дека се повлекува од функцијата поради корупцискиот скандал,односно поради истрагата за корупција и мито во високите ешалони на власта, пренесе „АФП“.

Хасан Хамит Јилдирим ја критикуваше Владата за притисок врз судскиот систем во однос на истрагата за корупција од страна на премиерот Реџеп Таип Ердоган.