Свет

Уште еден проблем со авион на „Малезија ерлајнс“

Уште еден проблем со авион на „Малезија ерлајнс“

Авион на компанијата „Малезија ерлајнс“ не успеа денеска да го реализира летот, бидејќи тркалата на авионот не можеле да се затворат по полетувањето.Авионот АТР 72 го напуштил аеродромот во малезискиот град Пенанг во седум часот, но се вратил по 15 минути поминати во воздух.

Авионот со 64 патници и четири членови на екипажот, требал да лета до малезискиот град Кота Баруа, пренесува АФП.

Нискобуџетната компанија „Фајерфлај“ која работи во рамките на „Малезија ерлајнс“ соопшти дека авионот имал нормално слетување и дека патниците безбедно го напуштиле авионот. Тие биле преместени во друг авион кој подоцна ги одвел од Кота Бару.

Станува збор за втор инцидент на малезиската компанија, бидејќи авион на летот МХ192 пред неколку дена морал принудно да слета во Куала Лумпур поради проблеми со опремата за слетување.