Уште еден случај на антракс во Унгарија

Бруцелоза во Бугарија
Бруцелоза во Бугарија

Уште еден заразен со смртоносниот вирус антракс во Унгарија.

Човекот е примен во болница по конзумирање говедско месо заразено со вирусот во областа Хевес на истокот во Унгарија.

Во соопштение од ветеринарната служба се вели дека антракс е откриен кај крава заклана на приватна фарма.

Минатата недела антракс беше идентификуван во замрзнато говедско во друг дел на Унгарија откако две животни биле заклани незаконски на една фарма. Од ветеринарната служба наведуваат дека двата случаја не се поврзани и оти животните биле заразени преку храна.