Уште еден земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа по полноќ во регионот меѓу островите Касос и Крит, во јужна Грција, соопшти атинскиот Сеизмолошки институт.

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони на островот Касос, а исто така и на југоисточното крајбрежје на Крит, пренесува МИА.

Епицентарот се наоѓал во морето на 29 километри југозападно од Касос, на длабочина од десет километри.

Во истиот регион пред половина час имало вторични потреси со интензитет од 2,5, односно 3,1 степени.

Засега не информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.