Македонија,Крими хроника

Уште една богата царинска заплена: Девизи, алкохол, медицински материјали…

Уште една богата царинска заплена: Девизи, алкохол, медицински материјали…

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија една царинска измама и спречија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, медицински матерјал, текстил, автоделови и фалсификати.

Царинските службеници запленија 5.400 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин-патник во автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Струга-Виена, пријавен за излез од државата. Непријавените девизи пронајени се во внатрешниот џеб од јакната на лицето, каде во коверт се откриени 7.400 евра, од кои 2.000 евра му се вратени, согласно Законот за девизно работење.

Вкупно 5.000 евра, откриени при личен преглед на македонски државјанин, возач на патничко возило со германски регистарски таблички, пријавено за излез од државата. Во личната торба на возачот пронајдени се непријавени 7.000 евра, 2.000 евра му се вратени, согласно а останатите 5000 евра привремено се задржани.

Царинските службеници запленија 96 литри домашна ракија, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Струга-Истанбул, пријавен за излез од државата. Сопственици на домашната ракија се две македонски државјанки-патници во автобусот, а непријавената стока спакувана во 51 пластично шише, пронајдена е во багажниот простор на автобусот, сокриена во картонски кутии и патнички торби. Запленети се и 46 литри домашна ракија, два литри ракија со косовски акцизни маркици и 11 шишиња од по 0,5 литри Албански коњак Скендебег, откриени при контрола на патничко возило со германски регистарски таблички, управувано од лице со српска патна исправа, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била сокриена во багажниот простор во делот кај резевната гума, како и во патната торба на лицето во багажниот простор и во страничните тапацири од вратите на возилото.

Во заплената на полицијата се и 2.290 ленти и 2.000 стерилни ланцети за мерење шеќер во крв, откриени при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, пријавено за влез во државата. Медицинскиот матерјал покриен со хартиени календари и рекламни хартиени кеси, пронајден е во багажниот простор на возилото.

Запленети се и 72 парчиња различни видови готови текстилни производи ( јакни, блузи, фармерки, тренерки), откриени при контрола на багажот на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Шведска и се пријавил на зелен канал, кадешто поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување, како и 20 машки зимски јакни, откриени при контрола на багажот на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Шведска и се пријавил на зелен канал, кадешто поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување.

 

Царинските службеници во текот на изминатата седмица открија два обиди за избегнување плаќање царински давачки со погрешно пријавување на стока. Во првиот обид при извршен детален преглед на стока со потекло од Турција, пронајдени се непријавени 189 парчиња најразновидна стока, меѓу пријавена стока наменета за увозно царинење. Во вториот обид за увозно царинење биле пријавени 199 парчиња женски блузи, меѓутоа при извршената контрола откриени се непријавени уште 32 парчиња женски блузи, наменети за фирма увозник од Скопје.