Македонија,Економија

Уште една германска инвестиција во земјава, овој пат во охридско- струшкиот регион

Уште една германска инвестиција во земјава, овој пат во охридско- струшкиот регион

Германска компанија за производство на автомобилски делови и електроника за други индустрии донесе одлука да инвестира во нашата земја, поточно во охридско-струшкиот регион, најави попладнево премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на митингот за поддршка на претседателскиот кандидат, Ѓорге Иванов, во Струга.

„Денеска попладне добив информација дека германска компанија донесе одлука за изградба на фабрика за производство на автмобилски делови и тоа во охридско-струшкиот регион“, рече Груевски, кој истакна дека се’ уште не смее да го открие името на инвеститорот, но нагласи дека станува збор за инвестиција која што на почетокот ќе функционира како brownfield инвестиција додека не изградат нова фабрика.

Во оваа фабрика, како што нагласи Груевски, ќе се вработат многу луѓе од Охрид и Струга.