Свет

Уште една масовна гробница откриена во источна Украина

Уште една масовна гробница откриена во источна Украина

Во близина на селото Њижнаја Кринка во источниот дел на Украина пронајдена е уште една масовна гробнициа, изјави денеска првиот заменик-премиер на самопрогласената Доњецка народна република, Андреј Пургин.

Тој не прецизира колку тела има во гробницата, додавајќи оти се уште не е утврден идентитетот на жртвите.

Во меѓувреме група меѓународни експерти веќе пристигнале на местото на масовната гробница.

Новата гробница е лоцирана само неколку денови откако мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа го потврди постоењето на три масовни гробници во областите кои неодамна ги напушти украинската војска.