Уште една престрелка источно од Париз

Тукушто се случила нова престрелка во источниот дел на Париз.

Нова престрелка се одвива во моментот во Порт де Вансен во источниот дел на Париз.

Вооружен маж кој претходно бил виден во вооружениот напад во Монруж држи пет-шест заложници во една продавница.

Таму имало брза стрелба, по што полицијата веднаш дошла на местото на престрелката.

Француската полиција веќе утврди дека овој 32-годишен маж е поврзан со браќата Куаши.

Сеуште нема информации за можни жртви.

Властите се плашеа токму од вакви сценарија, односно дека нападите ќе се зголемат.