Уште едно бебе излечено од ХИВ?

Агресивна, рана терапија кај бебе родено со вирусот ХИВ уште еднаш дала на изглед одлични резултати и тимот доктори од Лос Анѓелес се надева дека детето е успешно излечено, јавува „Гардијан“.

Терапијата е почната само четири часа по раѓањето на девојчето од преградие на Лос Анѓелес минатиот април. Докторите и понатаму и даваат лекови, а низа тестови покажуваат дека нејзината состојба е значително поинаква откакко кај редовните пациенти, кои со лековите воглавно само ја сузбиваат инфекцијата.

„Не знаеме дали бебето е во ремисија, но се’ укажува на тоа дека е. Внимателни сме и не можеме да кажеме дека е целосно излечена, но секако се надеваме дека тоа не е случај“, вели еден од специјалистите од лекарскиот тим.

Како што е наведено, мајката заразена со ХИВ им била позната „од една претходна бременост“, а кога дошла на ново породување утврдено е дека не земала лекови.

И покрај обидите при породувањето да спречат пренесување на вирусот, тестовите покажале дека новороденчето е заразено. Денес, по речиси година дена терпаија, тестовите не покажуваат присуство на ХИВ, а девојчето „изгледа целосно здраво“.

Докторите на агресивна и рана терпаија се одлучиле благодарение на извештајот за лекување на детето од Мисисипи објавен само месец дена пред раѓањето на заразеното девојче.