Уште едно македонско возило оштетено во Грција

Уште едно оштетено возило на македонски државјанин во Грција.

В.Г. од Струмица вчера на граничниот премин „Стар Дојран“ пријавил дека неговото возило марка „цитроен берлинго 6“ било оштетено во близина на Бутковско езеро во Грција.

Тој случајот го пријавил и во грчката полиција, но за истото не добил Записник.

Со овој нов случај на оштетувања,  бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно седум, а досега регистрирани се и тринаесет кражби  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во соседна Грција.