Уште едно принудно слетување, вработен од аеродромот заспал во багажникот

Авион од компанијата Алјаска ерлајнс морал да го прекине летот и да се врати откако еден од вработените на аеродромот заспал во багажникот на авионот, пренесуваат светските медиуми.

Авионот во понеделникот попладне полетал од Сиетл за Лос Анџелес.

Пилотот набрзо потоа слушнал тропање под пилоткста кабина и веднаш се вратил на аердромот Такома интернешенал во Сиетл и побарал дозвола за принудно слетување.

Alaska-flight-cargo-hold-main1

Кога авионот слетал на пистата, носачот на багаж излегол од багажникот кој е хемретички затворен и во кој се контролира температурата.

– По излегувањето, тој им рекол на властите дека заспал, соопштила компанијата.

Работникот изгледал добро, но поради превентивни мерки бил итно пренесен во болница. Авионот бил во воздух 14 минути.

Една од патничките изјавила дека патниците не слушнале никаква бучава, ниту го слушнале тропањето на работникот и дека незнаеле зошто се враќаат на аеродромот, но дека подоцна им било појасното што се случило.