Уште едно реми за ФК Вардар

Четри погодоци, по два во двете мрежи, беа постигнати на пријателскиот натпревар помеѓу повеќекратниот шампион на Македонија, ФК Вардар и словенечкиот второлигаш ш НК Кршко.

Фудбалери на Кршко дојдоа во водство на стартот од второто полувреме со погодокот на Лукас Томиќ. Пет минути подоцна по една убава акција на Вардар, ерменскиот репрезентативец, Хофханес Хамбарџумијан испрати прецизен центаршут на втората статива и таму го пронајде Филип Петковски кој со удар со глава го постигна израмнувачкиот погодок.

Словенечкиот клуб Шпвторно дојде во водство во 79 минута со вториот погодок на Лукас Томиќ, а Вардар израмни во 85 минута откако Филип Ивановски ја искористи прекрасната асистенција на Љамчевски.

Со оглед на доста напорните тренинзи, нозете на играчите се тешки. Создадовме десет стопроцентни шанси, а примивме два гола од 2 удари кон голот. Продолжуваме со исто темпо, нема простор за паника, сепак ова се подготвителни натпревари, се ќе си дојде на свое место, изјави првиот асистент на Сергеј Андреев, Александар Васоски.

Третиот пријателски натпревар, тимот на Вардар ќе го одигра на 4 јули кога за противник го има освојувачот на босанскиот куп, екипата на Сараево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.