Балкан

Уште едно убиство ја потресе Србија

Уште едно убиство ја потресе Србија
Убил човек па молел да го извадат демонот од него

Косопственикот на српското Пинк-такси, Теодор Гачеша, познат како Теди е убиен вчера, во моментот кога излегувал од својот автомобил.

Според податоците на српскиот Курир, Теодор го паркирал својот „мерцедес“ и излегувал од него, во моментот кога бил изрешетан. Како што вели сведок на настанот, Теди излегол од возилото и се упатил кон кафуле каде го чекале пријателите, кога двајца напаѓачи отвориле оган кон него, па откако тој паднал на земјата, веднаш избегале од местото на убиството.

Косопственикот на такси-компанијата бил усмртен со два куршума во главата и еден во рамото.

Инаку, тој е разведен и е татко на три деца. Масакрот се случил во близина на училиште.

Засега не се познати мотивите за убиството. Истрагата е во тек.