Уште едно успешно одржано Балканско првенство во бадминтон за сениори во Охрид

Во текот на изминатата недела од 11 до 14-ти септември во салата „Билјанини извори“ во Охрид се одржа Балканско првенство во бадминтон за сениори – ветерани. На истото учество зедоа 97 натпреварувачи од 6 земји.

Првенството го отвори заменикот градоначалник на Охрид, Ангел Јанев кој им посака топло добре дојде на сите натпреварувачи од земјите учеснички.

Првиот човек на македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски се заблагодари на градот Охрид за поддршката што му ја дава на овој спорт.

– Охрид по трет пат е домаќин на големо натпреварување во бадминтон. Ние како федерација секогаш се одлучуваме за Охрид бидејќи тука покрај спортските има и доста други атрактивни работи да се видат и посетат. Бадминтонот полека зема земав во Македонија, но ние уште работиме на квалитет, а не на квантитет, истакна Стефановски.

На овој досега најмасовен Балканскиот шампионат за сениори – ветерани учествуваа натпреварувачи од Бугарија, Турција, Србија, Хрватска, Романија и Македонија.

Тимот од Бугарија, беше најуспешен со најмногу освоени златни медали, исто така, екипи од Турција, Хрватска, Романија, Србија, Македонија освои многу медали специјално изготвени за оваа прилика од Македонската бадминтон федерацијата.

Од македонската екипа со бронзени медали се закитија Јадранка Чадиновска, Сашо Цветковски и Иван Стојковски.