Уште неколку скопски улици без вода

Уште неколку скопски улици денеска ќе останат без вода, информираат од јавното претпријатие Водовод.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-80 милиметри на улица Пелистерска број 5, од 10,30 часот па се’ до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Пелистерска, Радика, Огражден и Струма.

Поради дефект на приклучна цевка профил ф-1 цол на булевар Македонска Косовска Бригада крак 20/1, од 10,15 часот па се’ до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат корисниците од краците 17, 19 и 20 од истоимениот булевар.