Македонија

Уште неколку скопски улици остануваат без вода за пиење

Уште неколку скопски улици остануваат без вода за пиење

Уште неколку скопски улици денеска ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие Водовод.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри на булеварот Јане Сандански број 49, без водоснабдување се корисниците од број 15 до 53 од 10,10 часот па се’ до санирање на дефектот.

Поради изведување на приклучок профил Ф-75 милиметри на булевар Партизански одреди број 34, без водоснабдување се дел од корисниците од булеварот Партизански одреди, Црвена Вода и Рузвелтова  од 10,45 часот па се до изведување на приклучокот.

Поради изведување на приклучок на улица Благоја Стефковски наспроти Црквата, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица, а намален притисок ќе имаат дел од корисниците од населбата Хиподром од 13,30 часот  па се’ до изведување на приклучокот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-100 милиметри на улица Алекса Демниевски крак 1 без водоснабдување ќе останат корисниците од крак 1, 3, 5, 7, 9  и 11 од истоимената улица од 13:45 часот па се до санирање на дефектот.