Уште осум европратеници ја потпишаа Писмената декларација за обид за недемократско преземање власт

Писмената декларација со која се осудуваат постапките на Зоран Заев за обид за недемократско преземање на власат во Македонија како и инволвираноста на странски тајни служби е потпишана од нови 8 пратеници од Европа со што бројот се зголеми на 29 пратеници, а бројот на европски држави кои застанаа зад декларацијата на 17 од сите 4 политички групи- Европска народна партија, Социјалисти, Алијанса на либерали и демократи и Конзервативци, објави „Курир“.

deklaraciii_1

Своја подршка дадоа Андре Бугнон од Алијансата на либерали и демократи од Швајцарија, Лилијана Палиховичи од Европската народна партија од Молдавија, Тудор- Александру Чуариу од Алијансата на либерали и демократи (АЛДЕ) од Романија, од АЛДЕ исто така доаѓа и Фазил Мустафа од Азербеџан, а од истата држава доаѓа и Ганиза Пашајева но од групата на Европски конзервативци, на овие подршки се надоврзуваат и потписите на Чиора Тактакишвили исто така од АЛДЕ од Грузија, како и Жозе Марија Чикилио од Европската народна партија од Шпанија, како и Микеле Николети од Социјалистичката група од Италија.

Значајно е да се напомене дека мнозинство од подршките доаѓаат од групи на кои не припаѓа ВМРО ДПМНЕ, а тоа се групите на АЛДЕ, Социјалисти и Конзервативците, што само говори за широката подршка што ја добива осудата на недемократското однесување и вклученоста на странски тајни служби во прислушувањето.

Од потписниците- Андре Бугнон од Швајцарија е пратеник во Швајцарскиот Парламент од Швајцарската народна либерална партија, пратеник е од 1999г до денес. Значајно е да се напомене дека две години- 2007 и 2008г бил Претседател на Националниот совет на Швајцарија.

Тудур Александру Чуариу е еден од највидните правници и адвокати на Романија, претседател на Правниот комитет на Сенатот и бил министер за правда, а доаѓа од Либералите од АЛДЕ.

Лилиана Палиховичи е Потпретседател на Парламентот на Република Молдавија и Потпретседател на Либерално демократската партија на Молдавија.

deklaraciii_2

Жозе Марија Чикилио е шпански сенатор повеќе од 20 години, член на владејачката Народна партија на Шпанија и во моментов Претседател на Комитетот за надворешни работи на Шпанскиот сенат. Потпис на писмената декларација стигна и од Микеле Николети Претседател на Италијанската делегација во ПС на Совет на Европа и Потпретседател на Социјалистите во ПС на Совет на Европа.

Микеле Николети доаѓа од владејачката левичарска партија во Италија – Демократската партија на Премиерот Матео Ренци, а е еден од најпочитуваните професори по политичка филозофија, долгогодишен професор на Универзитетот во Тренто, како и директор на центарот за истражување и студии во Италија.

deklaraciii_3

Со овие подршки покрај што се зголемува бројот на пратеници и земји кои застанаа позади истите значајно е да се напомене дека во најголем дел од случаите подршка доаѓа и од владејачките и од опозициските партии , како што се примерите со пратениците од Шпанија и Италија на тој начин јасно покажувајќи го политичкиот став на овие земји и осудата на неодговорното однесување на Зоран Заев и нелегалното прислушување.

deklaraciii_4

Во продолжение целиот текст на писмената декларација:

Писмена декларација за обидот за недемократско преземање на власта во Македонија

Ја изразуваме нашата загриженост за последниот развој на  политичката ситуација во Република Македонија, особено за неодговорното однесување на политичката опозиција.

Ја поддржување интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО  и укажуваме дека за евро-атлантската интеграција на државата постои заедничка одговорност  и на владеачките и опозициските партии во Република Македонија.

Укажуваме  дека парламентарните избори во Република Македонија беа слободни и фер,  согласно нотираното во извештаите на ОБСЕ и ПС на Совет на Европа.

Ги осудуваме:

-заканите на Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кон премиерот на Република Македонија, Никола Груевски

-инволвираноста на странски тајни служби и нелегалното прислушкување на највисоките државни претставници на Република Македонија

Укажуваме:

-дека само политички аргументи и програми поддржани од граѓаните се демократскиот начин да се добијат избори

Бараме:

-продолжување на политичкиот дијалог  и одговорно однесување на опозициските Социјал- демократи и целосно искористување на нивните мандати во Собранието на Република Македонија

-слободна и независна судска постапка според највисоките Европски стандарди и целосна транспарентна постапка

Го поддржуваме особено важниот политички дијалог во решавањето на конфликтите и  повикуваме на одговорно однесување на политичката опозицијата почитувајќи ги демократските правила на политичкиот систем.