Македонија

Уште три деца со жолтица во Куманово

Уште три деца со жолтица во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово евидентира три нови случаи на заболени од заразна жолтица од тип А. Надлежните од оваа установа информираат дека станува збор за контактно ширење на болеста во две семејства, објави порталот „А1.он“

Заболените се на возраст од 4 до 16 години. Од Инфективното одделение од кумановската болница соопштија дека заразените се задржани на лекување.

– Мора да се потенцира дека оваа бројка на заболени е вообичаена во овој период од годината, вели доктор Азиз Бајрами, инфектолог во општа болница Куманово.