Уште во првото коло ќе гледаме големо градско дерби: Вардар – Шкупи

Ждрепката која се одржа во ФФМ донесе интересни дуели уште на стартот на сезоната

Градското дерби ќе се одигра на 9-ти август на националната арена „Филип Втори“, додека веднаш во второто коло следи уште едно дерби, помеѓу Шкендија и Вардар.

Првенството ќе се игра до 15-ти мај, по системот како и минатата сезона, со плеј-оф и плеј-аут разигрување.

Комплетниот распоред од денешната ждрепка за натпреварите во новата сезона од Првата лига ќе биде дополнително објавен од Натпреварувачката комисија на ФФМ.

ПРВА ЛИГА – СЕЗОНА 2015/2016

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (9-ти август – 17:30ч)

Вардар – Шкупи

Шкендија – Младост ЦД

Металург – Силекс

Брегалница – Работнички

Хоризонт Т. – Ренова

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.