Ушковски: СЈО се послужи со спектакуларни изјави со цел да изврши влијание врз судството

Специјалното јавно обвинителство на одржаната прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави се со цел да изврши влијание врз судството, изјави денеска претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски, во рамки на четвртата тркалезна маса за улогата на Судскиот совет и највисоките судови во заштита на судиите од мешање во нивната независност и за можните влијанија врз судството и клучната улога на мерит системот во изборот на судии која се одржа денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Во однос на одредени инсинуации во изминатите неколку денови. Сите сме сведоци дека деновиве преку директни или индиректни притисоци и влијанија врз судскиот систем, кои за жал во последно време пристигнаа и од некои новоформирани институции со кое преку нивната изјава ја нарушија независноста на судството, како и презумцијата на невиност на судиите, истакна Ушковски.

Како што рече, специјалното јавно обвинителство на одржаната нивна прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави се со цел да извршат влијание врз судството.

Тие како странка во постапката немаат супермација во однос на другата странка за кои постои само сомневање па со тоа постапија спротивно на Уставот на Република Македонија и спротивно на законите, а воедно со нивните дадени изјави, истовремено давајаќи и опис на наводното дело, во исто време и посочувајќи ги и функциите на лицата со тоа од нивна страна е направено најголемо влијание врз судството во конкретниот случај, покрај нарушенаат независност на судството во целина, направена е и најголемата повреда презумција на невиност на судиите споменати од одреден суд, нагласи Ушковски.

СЈО  ја наруши независноста на судството

Со нивната последна изјава…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.