Ушковски: СЈО се послужи со спектакуларни изјави со цел да изврши влијание врз судството

Со нивната последна изјава, продолжи Ушковски, дека судството пропуштило историска шанса, за жал повторна ја нарушија независноста на судството.

Од ниту некоја странка во оваа постапка сме известени, ниту пак за некој судија е побарано симнување на имунитет, ниту пак за некој судија е оформен предмет во судот. Затоа апелирам до сите нас како судска власт секогаш и по секој повод да се придржуваме до презумција на невиност, истакна Ушковски.

Во врска со последните, како што наведе, инсинуации кои му се наметнуваат на судството како формирање на специјални судови, истакна дека Уставот на Р.М. во член 98. е сосема јасен и децидно забранува вонредни судови, и во таа смисла ниту во Уставот, ниту во законот на некого му дава за право да гради некоја перцепција и да посочува специјални судови.

Претседателката на Управниот суд Скопје Јетмире Ајдини Бошњаку во тој контекст рече дека сите одлуки на Управниот суд се непристрасно донесени согласно доказите кои судиите ги имале кон конкретните предмети.

 Сите одлуки на Управниот суд се јавно достапни и на сите граѓани на Македонија на нашата веб страница и сите граѓани можат истите да ги видат. Граѓаните можат да ги видат доказите врз основа на кои судиите истите одлуки ги засновале, затоа секоја форма на вака изнесени изјави од разни страни ги сметаме како директен упад врз нашата независност, а особено на судиите на Управниот суд, истакна Ајдини.

Сакаме да кажеме на јавноста, продолжи таа, дека Управниот суд нема да падне на вакви притисоци сега кога не очекувата избори и нема да дозволиме никој да ни се меша во нашата независност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.