Ушковски: Со устав е забрането формирање на вонредни судови

Поранешниот претседател на судскиот совет Бранко Ушковски, во вестите на ТВ Нова зборуваше за формирањето на специјално одделение за постапување по предмети на Специјалното јавно обвинителство, истакнувајќи дека вакво нешто не е законски предвидено.

-Уште не повеќе од 8 месеци укажав дека согласно член 98 од уставот на Македонија децидно е забрането формирање на вонредни судови. Со закон никаде не е предвидено дека во рамки на кривичниот суд може да се формира специјално одделение за постапување по предмети на Специјалното јавно обвинителство. Се прашувам, дури и со измена на закон, дали мислат само на првостепениот суд или и на второстепениот? Заради нивна неинформираност сакам да укажам дека вакви измени во законот не се предвидени ниту во извештајот на Прибе, ниту пак во договорот од Пржино, посочи Ушковски.