Услови за невреме и попладне

Времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи од дожд, појава на град, електрични празнења и засилен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота во западните делови ќе има локален дожд, а потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.