Условна за надзорникот кој сокри силување во велешкиот поправен дом

Надзорникот кој минатата година не пријавил малолетничко силување во велешкиот затвор доби условна казна, објави Канал 5.  Доколку го повтори делото во рок од три години,тој ќе лежи една година затвор.

Во судот, надзорникот во поправниот дом, Живко Андоновски, целосно го признал делото. Тој рекол дека не го сторил делото намерно и дека сметал дека направил голем пропуст како и дека досега работел одговорно и ги заштитувал делата. Делото го сторил мината година кога сокрил дека четворица шеснаесетгодишници силувале свој врсник.

Во судот во Велес веќе е поведена и постапка против четворицата злоставувачи, а во истиот воспитно поправен дом лани во август било регистрирано уште едно силување. Момчето кое силуваше врсник неодамна се обиде да го убие и докторот во домот, а им се заканувал и на двајца надзорници.