ФОТО: Усмртен пешак кај Алумина

Пешак на возраст од околу 60 години, утрово околу 9.30 часот бил усмртен во сообраќајна незгода во близина на Алумина во Скопје.

Според полициски извори, несреќата се случила на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, кога автомобил марка „киа“ со скопски регистарски таблици, удрил во пешак на кој засега сеуште не му е познат идентитетот и го усмртил на местото на настанот.

Екипа на Брза помош веднаш е излезена на терен, при што констатирала смрт кај настраданиот.

Исто така, во моментот СВР врши увид, а се чека на местото на сообраќајната несреќа да излезе и Јавен обвинител.

pesak2

ФОТО: vecer.com.mk