Усмртен пешак, возачот избегал

Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила вчера околу 20,30 часот на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп.

Од полицијата информираат дека непознато лице со автомобил удрило во пешакот М.Ј. (39) од Прилеп, по што избегало.

Од добиените повреди, пешакот починал на лице место. Полицијата трага по возачот.

На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.