Усна расправа меѓу Хрватска и Србија од трети март до први април

Пред меѓународниот суд на правдата на трети март започнува усната расправа во спорот помеѓу Хрватска и Србија по обвинението за контратужба за геноцид.

Бидејќи ниту една од страните во спорот не поднесе барање за отштета, судот нема да се занимава со тоа барање, туку ќе ги разгледува наводите на тужбата и контратужбата и ќе утврди дали Хрватска, односно Србија, како ждрави извршиле геноцид на територијата на Хрватска во период кој е опфатен со тужбата и контратужбата од 1991-ва до 1995-та година.

Дури откако со пресудата ќе биде утврдено дали постоела одговорност на некоја од земјите за геноцид, можно е да се отвори прашањето за надокнада на штета.

Усната расправа, која што ќе трае заклучно со први април, е завршница на спорот кој почна уште во 1999-та година со поднесување на хрватската тужба на Меѓународниот суд на правдата против Србија.