Уснија Реџепова се бори за живот

По смртта на нејзиниот сопруг Светомир Шешиќ Шеле, кој почина во август минатата година од рак на панкреасот, познатата пејачка има драстично влошена здравствена состојба, и од тогаш, не ја напушта куќата.

Уснија Реџепова веќе две години страда од сериозна болест на белите дробови и се чувствува многу лошо, дури не излегува ни од дома.

– Реџепова е целосно повлечена во себе, речиси и да нема комуникација со никого. Нејзиниот брат и сестра и помагаат и постојано се со неа. Таа беше болна и пред да почине нејзиниот сопруг, но тогаш имаше поддршка и помош. Додека беше во првата фаза од болеста, обично се движеше низ градот и работеше, но кога го изгуби Шеле, нејзиниот живот се претвори во пекол. Оставена е сама и мизерна. Нејзината состојба е критична, едвај може да се движи. Уснија е голем оптимист и затоа не губи надеж дека ќе биде подобро, и прима лекови и терапии. Силна жена све трпи, – пишува српки Курир и додава дека често ја посетува нејзината колешка Мерима Његомир.