ТОП,Македонија

Успехот на Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ пренесен од светските медиуми

Успехот на Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ пренесен од светските медиуми
Успехот на Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ пренесен од светските медиуми

Медиумите од регионот кои пишуваат за најновиот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка се осврнуваат и на успехот на Македонија и на нејзиниот напредок и рангирањето на 12. место од 189 држави во светот.

Македонија, според извештајот, е единствената држава од Југоисточна Европа која го зазема високото 12. место и е далеку пред останатите држави од регионот. Прва земја зад Македонија е Словенија која се наоѓа на 29. место.

Албанските медиуми наведуваат дека Македонија не само што е на првото место на листата на земји од Западен Балкан, туку е и на самиот врв на генералната листа, позиционирајќи се на 12. место меѓу земјите со најдобра бизнис клима.

Хрватските медиуми пак напоменуваат дека подобро рангирани од Хрватска во регионот се Македонија и Словенија кои се позиционирани на 12-тото и 29-тото место.

За успехот на Македонија пишуваат дури и кинеските новински агенции како „Xinhua“ која цитира делови од извештајот дека „некои од економиите успеваат да постигнат добри резултати на секое ниво, дизајнирајќи и имплементирајќи систем за градежни дозволи кој е и ефикасен и квалитетен. Таква економија е Македонија“.  

– Македонија се наоѓа на второ место во светот во категоријата „започнување бизнис“, каде подобри резултати има само Нов Зеланд. Во претходниот извештај Македонија беше на 30. место во оваа категорија, пишува „Xinhua“.