Успешен настап на БЕТА на меѓународниот пливачки митинг во Србија

Пливачите од клубот БЕТА кои викендот учествуваа на меѓународниот пливачки митнг „Свети Никола“ во Ниш, Србија оставрија добри резултати за што следуваа соодветни признанија.

Медали освоија:

– Ана Јаневска прво место во дисциплините 50 метри делфин, 50 метри слободно и 100 метри слободно, воедно беше прогласена за најдобра пливачка во нејзината категорија;

– Јана Милковска прво место по категорија и второ место во финале во дисциплината 200 метри делфин каде постави нов македонски рекорд во категоријата помлади пионери со време 2:49.10.
прво место во дисциплината 100 метри делфин, второ место во дисциплината 100 метри слободно и трето место во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри делфин;

– Давор Петровски прво место во дисциплината 200 метри градно второ место во дисциплината 200 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри делфин;

– Домазетов Љупчо трето место во дисциплините 100 метри слободно и 50 метри грбно;

– Тодоровски Мартин трето место во дисциплините 100 метри слободно и 400 метри слободно;

– Јанески Филип трето место во дисциплината 50 метри слободно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.