Успешен референдумот против изградба на рудници во Гевгелија

Дури 99,1 одсто од граѓаните коишто излегле во неделаната на референдумот се изјасниле против изградба на рудници на територијата на Општина Гевгелија, соопштија иницијаторите на референдумот во Гевгелија, здружението „Спас за нас“

Ангел Наков изјави дека гласале 13.300 избирачи од 19.459, што е речиси 70 отсто од граѓани во гласачкиот список, со што е исполнет законскиот праг од 50 отсто плус 1

Според првичните информации од Општинската изборна комисија и од здружението „Спас за нас“, кои го набљудуваа референдумот во Гевгелија, 97,9 отсто гласале против отворање на рудниците, 1,1 гласале за, додека 1 процент од гласачките ливчиња биле неважечки.

Референдумот во Гевгелија го иницираа од граганското здружение „Спас за Гевгелија“, а одлука за изјаснување на граѓаните донесе општина Гевгелија откако изминативе три години канадски компании вршеа детални геолошки истражувања за рудно богатство на планината Кожуф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.