Успешен старт на Јотовски во Киш

Томислав Јотовски со победа го стартуваше главниот ИТФ турнир кој се одржува во Киш (Иран).

Македонскиот тенисер славеше против Махди Сури со 2:0 (6:3 , 6:1), а во наредното коло ќе игра против Јуи-Чен Хунг од Кинески Тајпеј.

Турнирот се игра за награден фонд од 10.000 американски долари.