Успешен старт на македонската ракометна репрезентација на квалификациите за ЕП

Машката македонска ракометна репрезентација со победа против Швајцарија ги почна квалификациите за Европското првенство, што ќе се одржи во 2016 година во Полска.

Швајцарија, на средбата одиграна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, беше совладана со 27:20- полувреме 12:8.

Капитенот Кирил Лазаров со 13 постигнати голови беше најефикасен кај црвено-жолтите, а втор стрелец беше Дејан Манасков кој даде 4 гола.

Ова беше натпревар од шестата квалификациска група, во која утре ќе играат актуелниот европски и олимписки шампион Франција и репрезентацијата на Чешка.

„Триколорите“ и нашата репрезентација ја имаат улогата на фаворити во оваа група, за освојување на првите две позиции, кои носат настап на Европскиот шампионат во Полска 2016 година.