Успешна година на „Дрекслмајер“ во Македонија

По повод годишнината од отворањето на фабриката „Дрекслмајер“, во Македонија, претставниците на Групацијата Дрекслмајер од Германија, како и на менаџментот на фабриката во Македонија на денешната прес конференција го изразија своето задоволство од успехот и резултатите постигнати во првата година од работењето на фабриката.

„Се радуваме, што можеме да ја прославиме годишнината на новата фабричка хала во Кавадарци. „Дрекслмајер“ групацијата во најкратко време изгради ултрамодерно седиште, чијашто површина на зградата изнесува повеќе од 50.000 квадратни метри. Притоа најголемиот дел го опфаќа производството, потоа логистиката и администрацијата. Исто така брзо, како и напредокот во изградбата, се искачуваше и бројот на вработените, кој моментално достигна бројка од 4.400 вработени, со што Дрекслмајер стана најголемиот работодавач во земјата. „Дрекслмајер“ е одговорен инвеститор и силен партнер на Република Македонија“ , истакна Роланд Полте, извршен директор на одделот за човечки ресурси во „Дрекслмајер“.

Компанијата одлучи да инвестира во Македонија, пред се’ поради одличната комбинација на повеќе фактори како локацијата и добрата логистика, економскиот потенцијал и квалитетот на работната сила како еден од најважните фактори кои имаат пресудно значење за одлуката за инвестирање. Анализата на околината за инвестирање укажало на квалитет и високи работни навики на луѓето.

„ ’Дрекслмајер’ на соработниците во Кавадарци како фер работодавач им исплаќа просечна месечна плата од 20 отсто повисока од законската најниска плата во Македонија. Покрај платата Дрексламјер групацијата на нејзините соработници во Кавадарци им нуди опсежни дополнителни услуги. Меѓу другото тоа се надоместоци за сменско работење, исплата на прекувремена работа, ноќна работа како и работа во недела и празници и медицинска грижа во седиштето. Околу 30 автобуси бесплатно ги превезуваат соработниците до нивните работни места како и до нивните домови. Соработниците, кои не живеат во непосредна близина на седиштето добиваат дополнителен надомест за патни трошоци“, посочуваат од компанијата.

Оттаму додаваат дека транспарентноста во фирмата минатата недела е потврдена и од  Државниот инспекторат на Министерството за труд, кој официјално забележал дека „Пресметката на нето плата и дополнителни исплати за работа во ноќна смена и за време на празници се исплатени и пресметани според закон.”