Успешно слета руската ракета „Сојуз“

Руската ракета „Сојуз“ со трочлен екипаж денеска успешно слетала на Меѓународната вселенска станица. Ракетата, со трочлен екипаж – пензионираниот потполковник на руските воздухопловни сили, космонаутот Макси Сујарев, асронаутот на НАСА и пилот на американската морнарица Рид Вајсаман и германскиот астронаут и геофизичар Александар Герст, лансирана е од космодромот Бајконур во Казахстан, пренесе агенцијата АП.

Контролата на мисијата во Москва и честитала на трочлената екипа за успешното слетување после шестчасовниот лет.

Тие им се придружија на двајцата Руси и Американци кои од март се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

Вселенските агенции на Русија и САД продолжија да соработуваат и покрај тензиите меѓу двете земји заради украинската криза.

НАСА зависи од руските ракети кои го превезуваат екипажот во вселенската станица и Русија плаќа скоро 71 милиони долари по седиште.